метод (имн.) - во (предл.)

Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На Татко, од читањето на делото на сонародникот Фаик Коница Есеј за природните и за вештачките јазици (1903) му беше позната генетичката метода во потрагата по потеклото на јазикот којашто произлегуваше од една биолошка концепција на јазикот прифатена и приспособена од германскиот филолог Франц Боп (1791-1867) во XIX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоталитарните режими, особено во периодот на сталинизмот, владееја со ужасни, стравични методи во потчинувањето и обесправувањето на човекот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во Југославија и во Македонија, уште одамна беше расчистено со социјалистичкиот реализам како идеолошки метод во насочувањето на литературата, уметноста и посебно драмското творештво, според каноните на Сталин и Жданов при што творецот треба да биде инженер на душата на народот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Роберт Шо и неговите колеги во Санта Круз, Калифорнија, користеа слични методи во анализирањето на славини што капат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Изопсефија Друга техника на античко-семитската и ориентално- грчката аритмомантија и гемантрија е таканаречената изопсефија, т.е. воспоставувањето на искривени значења на зборовите со комбинирање на букви и броеви, и тоа е еден од најомилените методи во Талмудот, во кабалата, алхемијата, но веќе и во старохебрејската лирика.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Шенберговиот метод во групата на еднакви материјали на секој материјал му придава функција во однос на групата. (Хармонијата во групата на нееднакви материјали на секој материјал му придава функција во однос на основниот или најважниот материјал во групата).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа што се создавани во серијален метод во извесна мера го смалува интересот за нив.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој ми објаснуваше дека непосредноста мора да биде новиот метод во лечењето на лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека ми го образлагаше тоа, до него се приближи една пациентка и го плукна в лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)