метла (имн.) - на (предл.)

Сега кога помислувам на тие саботни кога возбудена одев кај чичко Раде со книги што сум ги прочитала во минатата недела, а се враќав со куп „нови“, непрочитани, ми се чини дека времето е низа реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување; ако не, метлата на заборавот ги чисти од нашата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Правдата нека се задоволи и по овој пат, — рече Шаќир и се помири со судбината што му ја реши една сламка од метлата на бабата Цвета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мисли, бидејќи јас сега нема што да мислам, осем ка смртта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си го пече Полин лицето на сонцето, а луѓето му брмчат оздола како оси: „Полине, метлата на Аранѓел фати по луѓето...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По некој извик далеку, топот и фркање на коњ, отворање и затворање врата, замавите на метлата на Надежда во дворот уште раното, пред да може да се крене прашина, кашлицата на мајка ѝ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)