Но и за госпоѓа Камилска и за Мајка најбитно беше што нивните сопрузи колку и да се оддалечуваа со нивните идеали, со метафизиката на нивниот бег во историјата, тие си остануваа уште поцврсто на Балканот со нивните здружени библиотеки...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Црн лебед
„Признајте:
имате чувство на нелагодност
кога ќе ме здогледате
необичен, што од убост, што од суета
од таа метафизика на спиралата
нотниот клуч, змијата
- мене, бесрамно бел
- порив кон сакралното
неутешна жед за созерцание - езеро
милиони години сѐ тука, сѐ внатре
во времето, неизглаголена глоса
искубан крик!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кога се случи, со клуч од една од одамна напуштените куќи на семејството, да ја отвори вратата од куќата крај реката, Татко, барајќи го постојано вистинскиот клуч на животот во новите предизвици на егзилот, започна да верува во Мајкината метафизика на враќањето, во нејзината поврзаност со Севишниот...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овој репрезентационализам не може да биде прилагоден или со прагматистичкото настојување дека вистината не е прашање на кореспонденција со интринсичната природа на реалноста, или со деконструкционистичкото отфрлање на она што Дерида го нарекува „метафизика на присуството“.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)