метар (имн.) - височина (имн.)

По осуммесечна работа, кулата достигна сто метри височина и, по тој повод, на работниците им беше приредена гозба, во една гостилница покрај Сена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислејќи на нашите мили семејства, се предадовме. Ја урнаа песната што ја кренавме во небото, ја ампутираа кулата на триста метри височина, а горе ставија шапка која и ден денес може да се види, вистинска беда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше сосема безбедна територија, еден вид антрополошки азил за сите оние кои имаа судир со светот, и кои поради тој судир решија да направат невозможни подвизи: да стојат на скали потпрени на ништо, да возат бицикл по ортома на дваесет метри височина, да прават фигури од три тела на трапез предвиден за еден, и слично.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Погледни ја цевкана“, ми рече Клод Галиме, најмалиот и најподвижниот во целиот тим, со кого брзо се спријателивме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како бајонети на силна светлина се пробиваат звуците на фанфарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)