место (имн.) - овде (прил.)

Но нив, за да бидат раскажани, не им е местото овдека, туку некаде понатаму, во времињата во кои се случиле и кога ќе раскажуваме за нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ЛУКОВ: Стануваш досаден со тие твои... шеги. Не наоѓаш ли дека не им е местото овде?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе направиш ли место овде во ѕидот за да го зацементираш.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Луѓето што го правеа тоа, што се грижеа за неговото траење, беа, дел од едно големо искуство: на претходните чувари на огнот и огништата во таа далечина, во таа височина, во највисоките планини, во највисокото населено место овде, тука.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)