место (имн.) - покрај (предл.)

Една жена со војнички изглед, но со нежна природа, која се возеше до возачот, ѝ даде крпа и покривка, и ѝ направи место покрај себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Болката за погибијата на жена си, Ѓорѓи ја одболува во куќата на дедо Киро. Тука најде постела и место покрај софрата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во Ардените, пак, да се вратам на оние прекрасни романтични места покрај Урт, сретнав безброј населби, села, селца, попатни кафеани, бензински пумпи, кои до еден стојат на дофат од раката на гостите, кои овде, во текот на целата година, доаѓаат со стотици и стотици илјадници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Жената ја прекина, ставајќи ѝ го показалецот врз усните. - „Спијат“ - прошепоти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)