место (имн.) - околу (предл.)

Додека преминувавме преку ливадите кон дома местото околу нас беше побелено. Паѓаше снег како спроти Свети Никола.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Некоја минута подоцна местата околу масата на девојката се исполнија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Местото околу куќата е широко и достатно за секакви комбинации.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мажите скокнаа од местото околу огништето, а баба ми и мајка ми почнаа да си ги кршат прстите на рацете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)