Според систематизацијата на работните места таа првично работеше на работно место стручен соработник во Стручна служба, а од мај 1998 беше распоредена на функцијата раководител на Службата за материјално-финансиско работење, за којашто се бара завршено високо образование – економски факултет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Вујошевиќ има склучено договор за вработување на неопределено време и, пред да настане конкретниот спор, таа веќе имаше остварено работен стаж од 17 години во истата организација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И на ова место таа се штрекнува од премреноста, ги расклопува рацете од пред лицето и открива многу очи околу себе што се чудат зошто толку долго останала пред Богородица.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)