Гребе, сече, рие Кртот Во душата свиен, скриен, И со виеж силен, Глода, боде, рие Кртот Во крвта, во стрвта, во жилите, Се будат, заигруваат самовилите, Чиниш полноќ да е, месечина Полна, болна и пеколна, Која ги возбудува и излудува Ноќвите со зборовите, стиховите.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
И сѐ се случи таа ноќ, со месечина полна колку што беше полна и душата на Писмородецот, Лествичник тогашен, со злоба и суета.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)