месечина (имн.) - на (предл.)

Ги претресоа сите села, ги проверија сите селски булуци, но не се најде брав со агин катран — месечина на крстот на секој брав — та не можеа да набелат ниеден мариовски овчар за кражба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Меѓу вообичаените египетски симболи што се употребувале како детерминативи спаѓаат следниве: сонце, бог на сонцето, ден, месечина на небо, казлендарски месец, ѕвезда, час, време за молитва, планина, град, паланка, гледање, молитва, обожување, пофалба, плачење, тага. Кралски имиња Прикажани се две египетски кралски имиња, напишани со хиероглифи, што означуваат (а) кралски божји имиња и (б) кралски лични имиња.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Папсувам во потрагата по тебе... Оваа ноќ само залутаната месечина на палубава ми е верна друшка...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Трепереше и не можеше да се закопча, да ги сокрие од среброто на месечината на разголените гради. Осумнаесет! Како Јосиф и Марија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Другиот праша: „Како се обесила месечината на врбова гранка, Исусе?“ „Вие сте мајмуни“, воздивна. „Тешко тоа ќе го сфатите.“ Го жалеа. „Момче во болницата сѐ ќе сторат за тебе. Верувај ни, сѐ.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тргањата гледал молскање на соголена женска нога до полната пребела месечина на валчестиот колк.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сигурно лошо си лежела, вели, може да ти биле налегнати рацете, вели, може да ти слегла месечината на перница, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа побрза, оставајќи го самиот сред собата каде ни развигорот не ги помрднуваше завесите и само сивиот покрив висеше над нив со изгаснатата светилка како осамена стара месечина на небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)