Со месеци веќе немаше пари. Немаше писмо.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Деветти месец веќе излегува, во десетти влегувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со месеци веќе, се сети сега, месеци што му се чинеа како векови, а сепак поминуваа некако бргу, неговото секојдневние и секојноќие станаа овој чекор низ студот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Осмиот месец веќе умееше да го прочита лекот за изгорено што им го остави Марин Крусиќ, и мајка му почна да го прави редовно, зашто се покажа дека е тој навистина успешен за лекување изгореници, па старата се прочу во околината и почна да заработува со него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Треба да ми купува, но бидејќи таа меѓу петнаесетти и дваесетти во месецот веќе нема ни динар, јас барам парите што ми требаат за цигари да ми ги даде претходно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)