месец (имн.) - јуни (имн.)

Во текот на месец јуни 1944 година Третата македонска ударна бригада и Кумановскиот партизански одред во текот на јуни 1944 година извршиле напад на комуникацијата Куманово-Крива Паланка.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Четири, пет, шест... седумпати се состанаа во текот на месец јуни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камилски речиси за никаков материјален надоместок во текот на една цела година објави и други статии во списанието: приказ на списанието Модерни времиња (Les Temps moderns) од месец јуни 1957 година, чиј уредник беше Жан-Пол Сартр, потоа приказ на книгата на Антонио Грамши Писма од затtворотt, потоа научниот прилог За културата на Елада, студија за шпанскиот поет Антонио Мачадо и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Последната сабота од месецот јуни тоа лето беше пеколно топла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
14 Следната недела веќе беше месец јуни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Роже Кајоа пред точно дваест и пет години, во месец јуни во далечната 1976 година, како гостин на Здружението на писателите, ја посети Рерублика Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Во долгото писмо што ми го напишавте во месец јуни, вие ги спомнувате вашите родители, вашите браќа, вашите деца, вашите внуци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас не сум којзнае колку позната во Фрежис, но се восхитувам на снаодливоста на поштарот кој успеа да ја најде мојата адреса, дотолку повеќе што јас почнувајќи од месец јуни престојувам во Швајцарија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше време кога се зборуваше на сите страни за крајот на книгата пред напливот на новите електронски медиуми.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш беше познат како еден од најголемите француски есеисти, беше член на Француската академија, преведувач и претставувач на големите латино-американски писатели Борхес, Неруда, Астуријас, Кортезар, близок пријател на Сен-Џон Перс и Жорж Батај, но важеше и за голем истражувач на мистериозните предели на земјата, беше колекционер на ретки минерали и кристали.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Предвидено е корисниците на Буџетот на Република Македонија и јавните здравствени установи правото на нето платите за месец јуни 2002 година да го утврдуваат до висината на правото утврдено за последниот месец за кој извршиле исплата согласно со овој закон и зголемено до нивото на обезбедените средства од Буџетот на РМ, односно од Фондот за здравствено осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
При тоа е пропишано и дека кај овие субјекти правото за исплата на нето платите за месец јули 2002 година и натаму не може да биде повисоко од правото утврдено за месец јуни 2002 година (чл. 1, ЗИДЗИПРМ/јуни.02).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)