месец (имн.) - февруари (имн.)

14. “Владиното соопштение” изјавува оти руската влада ќе ги бара за Македонија оние реформи што се изработени во месец февруари од Зиновјев15 и Каличе16 и оти тие реформи се само почетокот и ќе бидат развиени понатаму сообразно со нуждите на жителството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Келнскиот карневал е третото „К“ Во Келн се одржува карневал, секоја година во месец февруари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Макар што беше последниот ден на месецот февруари, надвор како никогаш во тоа доба на годината блескаше раскошно сонце.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тужениот „К. Ќучук“, кој ја изгуби парницата, беше должен на Љ. Х. да му ги исплати 11-те неисплатени плати [од февруари до декември 2008] – што e сума од 48.466 МКД (795 ЕУР) со казнена камата сметана од месец февруари 2009; и плус да уплати придонеси во ФПИО ПЕ Велес за 34 месеци [главно за периодот од 2006-2008] – што, пак, е сума од 109.549 МКД (1.795 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, оваа „доброволна исплата“ на отпремнината и заостанатите плати беше дадена во готови производи од палетата на фабриката!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради својата каприциозност, како и неговата желба да постави пример за во иднина да не се осмелуваат да одат директно пред суд, таа негова „фер понуда“ не важеше за оние кои веќе беа вклучени во тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради ова, синдикатот во битолската топлификација, имајќи ја предвид новонастанатата ситуација, во декември 2007, одржува состанок на кој го разгледува предлогот на „Топлификација“ АД – Скопје за уредување на статусот на вработените, и донесува одлука во која јасно истакнува дека тој предлог ќе го прифатат само под следните таксативно наведени услови: 1) исплата на платата за месец септември, најдоцна до 25.12.2007; 2) од парите собрани од наплатата приоритет да имаат исплатите на придонесите и платите; 3) претседателот на синдикатот да има увид во изводот од банка, 230 со цел да не се вршат други плаќања сѐ додека не се исполнат обврските со плати и придонеси кон сите вработени; 4) исплатата на отпремнината да биде во склад со ЗРО (2005) и да се исплати до денот на престанувањето на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Барањата во точките 1 – 3 и понатаму не им се исполнуваат, а после сите овие превирања, на крајот од месец февруари 2008, на Лозановски (вклучително и на другите работници) му е врачено решение за технолошки вишок и му е исплатена отпремнина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Почина со мир во летото Господово 6377 од создавањето на светот, во месец февруари, во 14 ден и со животот и со верата им се придружи на сите свети оци и делата на подвизите на сите извршувајќи ги и самиот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Во месец февруари 1956 година е одржан Дваесеттиот конгрес на КП на Советскиот Сојуз, на кој е осудена политиката на Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Измената и дополнувањето на ЗВРС од 2009 година Со измената и дополнувањето на ЗВРС од 2009 година дојде до промена и преформулација на некои одредби во законот поврзани со остварувањето на права од работен однос на странци во РМ. 4.  Просечна исплатена нето плата по работник за месец февруари 2010 година според Државен завод за статистика. 119 Во поглед на дефинициите на поимите дојде до две важни промени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)