На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ц се спаси од неколку месеци затвор, но го мачеше тоа што животот сѐ уште му остана неосмислен.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Имате среќа што не сум грчка полиција, па да ве казнам со три месеци затвор како што му сториле на оној неранимајко Љубе-Шеќер, - ни рече.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
По шест или девет месеци затвор брат ми Јане и брат ми Ѓорѓи ги пуштија и тие се вратија во селото.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Не паметам на колку беа осудени татко ми, брат ми и снаа ми... дали шест или девет месеци затвор.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)