месец (имн.) - ден (имн.)

Речиси месец дена градежната афера беше главна медиумска атракција во државата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во јануари 67. Девојките од челзи сѐ уште се прикажуваше, но не во Cinema Rendezvous на Западната 57, туку отиде уште подалеку - во Regency на Бродвеј!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таму, по месец дена, дојде новиот Вадимов филм The game is over, со Џејн Фонда во главна улога, па Девојките од челзи го префрлија во York киното на Источната страна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Бате! Јана повеќе од месец дена е кај мене на гости.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред шалтерот на семоќниот Имигрејшн Офисер слетав со маичка на којашто беше исцртан ликот на Боб Рок, којшто вели: „Подобро да се живее сто години како милионер отколку седум дена во сиромаштија“, по што наредните месец дена живеев на каучот во дневната соба на Суљо на улицата Броктон број 1515.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Го малтретирав фиксниот апарат преку кој месец дена не можев да дознаам каде е извесен човек и дали тој има извесна машина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Навистина, чудно совпаѓање. Пред месец дена, дедо ми, сркајќи чорба ми кажа дека сонувал како Црниот Туѓинец го пресретнува во улицата на дивите костени.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
По месец дена Луција се врати на училиште: беше ослабена, бледа, со модри траги под очите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние уште месец дена останавме да чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму нè држеа едно месец дена, само на комат леб и чапче вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога по месец дена се врати од летувањето, и кога дозна дека баба му умрела, почна силно да плаче над нејзиниот празен кревет.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Веќе месец дена така лежиме, наживуваме. Некои веќе можеме да одиме понадвор, сами да си вршиме измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И беспомошен останав да живеам тука уште едно месец дена.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Чудно но, тој месец дена што сега го споменав никој повеќе не ме вознемири иако бев сосема скршен и неспособен да се бранам ни пред некоја најмала навала што евентуално можеше да ме снајде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)