Во рамките на неговите обврски, тој мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените – вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства. (чл. 5, ст.1 од ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Важна новина претставува и законската обврска на работодавачот да ги информира вработените за секој вид на ризик на работното место, за безбедносните мерки потребни за контрола на ризиците
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при 213 работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дојде до промена кај обврската на работодавачот за информирање на работниците за секој вид на ризик на работното место, како и за безбедносните мерки потребни за контрола на ризиците и елиминирање на штетните последици, но сега од законската формулација беа избришани(!?) вработените со договор за вработување на определено време, младите вработени, повозрасните вработени во согласност со Законот за работните односи и оние со намалена работна способност. (чл. 13 од ЗИДЗБЗР/окт.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)