мерење (имн.) - на (предл.)

Во 1981, чешките научници Џ. Шмид и Џ. Новосад со помош на чувствителни апарати за мерење на притисок успеале да ги измерат силите што притискаат врз основата на еден куп песок. Откриле еден изненадувачки факт. okno.mk 97
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мерење на температурите на воздухот и почвата, броењето на времето, ориентацијата во орбитата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Никако не си, што се вели, немаш вага за мерење на зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)