Зашто, веќе ги утврдивме трите услови чие содејство е и нужно и доволно за да се објасни општествената репродукција на машката геј-култура. (1) Дури и ако конвенционалните, хетеронормативни жанрови на дискурс се исто така и жанрови на чувствување и стилови на лично изразување; (2) ако главнотековните жанрови на дискурс, жанрови на чувствување и стилови на лично изразување се кодираат за родот и за сексуалноста според стандарната културна поетика – така што се интонираат со конкретни општествени вредности што различно се поврзуваат со конкретни обродени или сексуални улоги; и (3) ако таквите жанрови на дискурсот и стилови на чувствување или на изразување се обликувачки за одделните субјекти уште од раната возраст во животот – тогаш навистина е возможно во машката геј-култура да има нешто како примарна социјализација, доколку извесен дисидентски однос кон тие жанрови на дискурсот и на изразувањето претставува дисидентско обликување на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, еден процес на социјализација во машките геј-културни практики може да започне во раната возраст, долго пред почетокот на активниот сексуален живот и пред почетокот на возрасното учествување во некоја геј-заедница, затоа што протогеј-субјектите уште на таа возраст започнуваат да создаваат или, можеби, само да изнаоѓаат нестандарден однос кон сексуализираните или обродените вредности што се врзуваат и со главнотековните жанрови на дискурс, на чувствување, однесување и лично изразување и со културните облици (мјузиклите, трагедиите, мелодрамите, историското конзерваторство, разните естетски практики и интереси) и нивните сврзани емоционални облици во индивидуалното однесување, кои ги отелотворуваат, распространуваат, рутинизираат, зајакнуваат и консолидираат тие жанрови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму такви се прашањата за кои дава одговори нашиот модел на културна поетика, барем на еден општ и хипотетички начин.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Децата може да бидат во некоја ограничена мера изложени на високоразвиените културни облици што содржат и што одржуваат жанрови на дискурс и на изразување – а дури и да се изложени уште од рана возраст на, да речеме, мјузикли или на мелодрами, можеби нема многу да извлечат од нив – но тие се длабоко изложени на стиловите на лично изразување што тие форми ги дефинираат, бидејќи таквите стилови на изразување го обликуваат секојдневниот емоционален живот и ги конструираат разните прагматични начини на кои старателите на децата зборуваат, се изразуваат и се поврзуваат со децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)