13. Веројатно се мисли на Промеморијата на Русија и Австро-Унгарија од 15.9.1903 год. што била испратена не само до потписничките на Берлинскиот договор, туку и до турската и до бугарската влада, бидејќи последниве всушност го спречувале исполнувањето на Февруарските реформи, па дури се обвинувале дека придонесле за кревањето на Востанието во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но стануваше јасно дека со текот на времето Татко и Камилски ги напуштаа лингвистичките амбиции, па се префрлија на филозофското толкување на најкарактеристичните зборови, откривајќи ги во нив кодовите на заедничката меморија на балканските народи...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Немаше маало кое не продолжуваше да живее во меморијата на луѓето со своите легенди.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Митологијата којашто ги зафати балканските историографии во втората половина на XIX и XX век, во времето на подемот на новите држави- нации, во голема мера ја деформира историјата на Царството чие постоење и цивилизациски обележја, кои често биле заеднички со истите народи, се настојуваше по секоја цена да се избришат од меморијата на народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И тоа што денес не постои од тоа време, опстанало само во старите зборови, во заемките од туѓо потекло, кои луѓето со текот на времињата, немирите, војните, селидбите, новите идеологии ги преместувале од јазик во јазик или усилено ги чистеле од еден јазик, во потрага по совршената чистота, која никогаш не била достигната...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
LIII Новите третирани заемки и кај Татко и кај Камилски не престануваа да будат нови конотации и асоцијации за некогашните балкански времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко длабоко во себе жалеше за зборовите кои исчезнуваа, а со нив дел од меморијата на народот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Османското Царство со своето траење од речиси седум века покажуваше дека го почитувало и принципот на нужна толеранција меѓу народите, и покрај тоа што ја имало позицијата на владетел, освојувач.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во просторот тежеше меморијата на отсутните.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Времињата се променети, но споменот за Андалузија не живее со векови само во меморијата на Шпанците туку е вграден и во шпанската цивилизациска матрица, како оригинално шпанско богатство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Просторот на еврејското la male, со облик на триаголник се спушташе кон реката Вардар, но самото маало не достигаше до левиот брег.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во право си, пријателе Камилски, Книгата на патувањата на Челебија ни го враќа од митската меморија на Скопје изгубениот XVII век, ни ја опишува истава чаршија низ која чекориме, маалата кои опстанале во остатоци, тврдината Кале, Безистенот, Камениот мост, џамиите, амамите, приспособени на денешни потреби...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Исчезнуваше од меморијата на народот и Атеистичкиот музеј, таа срамна страница од историјата на албанската комунистичко–сталинистичка диктатура.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Веруваше дека сонот на само еден човек, татковиот, може да биде дел од меморијата на сите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Париз беше претворен во некаков арсенал на историјата, во музеј на времето, во еден вид енциклопедија на мртвите крај живите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Овде беа задржани епохи, гравирани во меморијата на бронзата, каменот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој на крајот насобра песок околу гробот на Ханибал и продолжи во Тунис да живее со својата митска хронологија на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Махмуд Дарвиш не му се обраќа во своето пеење само на палестинскиот народ, распнат на четирите страни на светот, туку се обраќа и на меморијата на еврејскиот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сакаше, по секоја цена, служејќи се со другите историски личности, да ја впише својата во вечната меморија на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Езерото, еден од најстарите резервоари на светот со слатка вода, покрај Бајкалското Езеро и езерото Титикака, може да се смета и за меморија на планетата, за него денес може да се зборува како за „музеј на живи фосили”: не помалку од двесте ендемски фосили живеат во него, меѓу кои и пастрмките летница и белвица, еден вид уникатен полжав, кој се верува дека е стар триесет милиони години, но исто така и сунѓери што не се среќаваат на друго место во светот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во стварноста
се случува токму она
што се одрекува.
Фигурите се меморија на историјата.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Имате маестрална меморија на потеклото
(и шизмата ви е промислена!)
инстинктивна, интуитивна, прецизна
недвосмислено втисната во гените
мрестењето е обред на жигосување
стариот се вбризгува во новиот свет
на седумстотини метри
под морската површина, јасно е
- езерото не ви е доволно длабоко
ни за да се оплодите, ни за да умрете!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)