Сигурно ќе ги понесе во душата и како во хербариум ќе навраќа на спомените од Езерото од минатиот живот каде што ја остави мајка си на родниот праг на куќата, на гробовите на предците, на тие извори на трајната меланхолија во егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И што ми преостанува: да продолжам да ги шетам мојата носталгија и меланхолија во пределот на некогашниот детски рај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тогаш во собата на Отец Симеон набожно дојдоа браќата и со неизмерна меланхолија во очите покорно се наведнаа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Лилавата меланхолија во нивните очи беше густо и непробојно покриена со бетонот на мракот. „Да одиме“ , се обеспокои девојката. „И тој е негде тука.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Има некоја меланхолија во тоа да се пробиваш низ гужвата на улица Македонија слушајќи го Џони Кеш O Death, where is thy sting?, и да шеташ по неа на 1. јануари, кога на неа нема живо пиле.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)