мезе (имн.) - во (предл.)

Додека госпоѓата Камилска во кујната беше зафатена со подготвување на јадењата за послужување, Мајка на веќе седнатите Татко и Камилски им го донесе првиот подавалник со ракијата, мастиката и двете чашки, а потоа го постави на масата и поголемиот подавалник со раскошното мезе во повеќе чиничиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакале ние или не, овој збор длабоко се вкоренил во балканските јазици и подалеку од нив!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чинеше дека зарзаватите од нејзината градина, чудесно подготвени, се прелеваа во разните чиничиња, светнати од маслиновото масло.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Каква ќе биде судбината на зборот мезе во нашата листа? запраша Камилски откако го почувствува лезетот на кавијарот од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)