меана (имн.) - и (сврз.)

Меаните и ановите се празнеа од веселите бегчиња вратени од војна: тие таму пушеа наргиле, се фалеа со подвизите и кршеа по некоја чаша.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Првин го качувал на маса, па после на покривот од меаната и на крајот го качувал и на некоја топола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Приквечер, исто облечен како за на работа, излегуваше в град да се напие кафе - наут со другарите од младоста во една иста меана и да се договори со нив дали в недела ќе се качат на врв Водно или ќе појдат на Солунска Глава.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)