мајка (имн.) - веќе (прил.)

Иии, откако се стори мајка веќе и ноќот — ден го правиш! Ни на кат, ни на пат работата не а оставаш!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка веќе беше во кујната. Трагаше по последните трошки брашно, за да ги помеша со триците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка веќе беше будна, вечно внесена по редот во куќата, по навика појде кон чардакот, да си рече доброутро со Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Кога се враќам од училиште, мојата мајка веќе ме чека дома и во кујната подготвува вкусен ручек, а потоа, додека јас и Бреза играме, а татко ми чита весник, мајка ми чисти низ куќа, пере, пегла и готви.“
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мојата рака се колебаше, а рацете на мојата мајка веќе ја раскинуваа хартијата со онаква жестокост со каква што убиец, кој долго копнеел да одземе живот, конечно го извршува злосторството; го кинеше ликот на Рајнер на ситни парчиња, како кога убиецот, откако ќе ја убие жртвата, и натаму ѝ задава удари, не затоа што не е сигурен дали настапила смртта, туку затоа што смртта му изгледа премала болка, или самото убивање не ги згаснало неговиот бес и омраза, па и натаму му задава удари на мртвото тело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа мајка, стуткувајќи ги раскинатите парчиња, го отвори прозорецот, и го фрли она што до пред неколку мига беше ликот на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секое попладне се потпираше на мене, и двете излегувавме на балконот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше август кога мајка веќе не можеше да излегува од дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко сега малку го смени тонот, излегуваше од милозвучниот круг на љубовта која Мајка веќе си ја чувствуваше триејќи си го, на десната рака, венчалниот прстен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)