мајка (имн.) - планина (имн.)

Почна Толе и да суди на својата територија, а не само да ајдукува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На исток Тиквешијата — бетер. Повеќе беља од башибозуците отколку од редовната војска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Чарето тоа е. Да се ваќа орманот: Кравица, Добро Поле, Соколот; ако може мајката планина да не зас'не — им советува Толе и ги изведе еден ден на врвот на Соколот, на границата меѓу Мариово и Меглен, та ако дојде зорт, да можат да се преметнат некако во Пајак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека ваќаат меќани до пролет. A кога ќе закука кукавицата, ќе се најдиме пак во мајката планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)