мајка (имн.) - остане (гл.)

Голем камион, забрзан, излезе од патот и, со сета сила, удри во двете липови стебла. Мајка остана стаписана.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нашите вистински мајки останаа на врвот на планината со ниедно дете во нивните раце.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав како понекогаш ветерот минува преку него со исушен лист, или како некоја птица – врапче, гавран или гулаб - застанува на него, да се одмори, да си го наостри клунот од металните држачи, или да го исфрли од себе изметот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Есента, кога времето залади, го прибрав мојот стол, а столот на мајка остана надвор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа лето 1930 година, последното лето во нејзиниот живот, мајка остана со мене во Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ох, толку нови умирачки поминаа наеднаш по улиците! Толку мајки останаа без синови!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се чинеше како да му ја свлекле на животот кожата па не знаеш кое место повеќе го боли.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка остана замолчена. Гледаше во отворените книги, ја следеше татковата мисла.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од тоа време, во нашите спомени останаа руските и американските филмови кои ги гледавме во киното „Балкан“, а за Мајка остана значаен мигот кога за прв пат си ја облече кафеавата бунда, подарок од татко ѝ, дваесет години откако ја минавме границата...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)