машина (имн.) - ќе (чест.)

Тркалата на машината ќе станат човековите екстремитети, а каросеријата трупот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се клешти и ми се заканува: „Сакаше за празникот да ја имаш првата страница? Еве, ќе станеш цел лист, само да те престигнам!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сосем американски, се искачува со лифт до собата и по завршената работа, откако на старинската машина ќе го исчука расказот, си заминува, пак со лифтот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таквата машина ќе има многу задачи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со други зборови автоматските машини ќе можат да ја преземаат информацијата што е складирана во електронските мозоци и да ја втиснуваат во објектите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)