материја (имн.) - бев (гл.)

Претходно оваа материја беше регулирана со Законот за државни празници на Социјалистичка Република Македонија и Законот за празници на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
3.  А, пак, гранскиот колективен договор кој во тоа време ја регулираше оваа материја беше Колективниот договор за дејностите производство и преработка на метали, црна и обоена металургија, рударство, електроиндустрија и енергетика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право – во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел – да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)