Адемага ги наполни и бочвите со вино; каците со маст веќе беа полни од летоска; донесе од Прилеп и еден товар шеќер; го свари и комињето од белото вино и така се приготви да ја чека зимата и ужива во кулата крај неговите три ануми и црното Кате. Ho даде збор Катето да го удоми дури не го продал чифлигот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)