маска (имн.) - од (предл.)

Таа треба да ги исправи војничките глупости на Гетстапо и на СС кои направија вистински дар-мар, го организира она беспотребно злоставување на Евреите од градот под образложение дека се работи за претходна дисциплинска мерка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Проклетство”, помислува 45-годишниот советник на воената управа на Егејот, „треба одново да се навлекува онаа маска од добронамерност, тој сигурно влече делегација од Чифути со себе”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јавајќи го горе Врбица магарето, го сретна Стојана Рожденкин со маските од колибата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најинтересен член на оваа група е ракунот. Тоа е она дебелкасто животинче со маска од Зоро.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)