Додека ја чекаше на креветот во кожните гаќи и црната маска кои по малку го стегаа и му ги зацрвенуваа парчињата месо на препоните и образите, по навика почна да ги менува каналите на далечинското, со истиот отсутен израз како на домашниот тросед.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)