На крајот од источното крило од зградата на болницата имаше малечка библиотека.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од едната страна на собата имаше една малечка мини-софа со везена прекривка во македонски народен стил, додека до неа стоеше подвижна масичка во ориентална форма.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
На некои масички предметите беа наредени со внимателност, понекогаш по строго определен ред, на други беа расфрлени, создавајќи хаос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само на една мала масичка во аголот имаше купче од ситнурии - лачени бурмутчиња, брошови од ахат и слично.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мојата масичка беше празна. Имаше многу празни масички во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сѐ и сешто имаше на масичките во Гнездо: парчиња тули, фотографии, разгледници испишани со избледено мастило, пердуви од птици, ногарки од столчиња, навлаки за перници, парчиња од завеси, откинати џебови, копчиња, огледалца, камченца, изделкани парчиња дрво, врвки за чевли, ленти за шешири, пелени, монистра…, раце, нозе, трупови и глави од кукли, и по некоја цела кукла…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Обелеа и почиваа вкочането и важно, на мала мермерна масичка во слаткарницата „Шехерезада“, покрај преполна чинија чепнати колачиња и фотокопија од стручна книга за додатен курс по психологија...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)