маса (имн.) - седи (гл.)

Во кафето веќе можеше човек да забележи групички по масите од пет шест луѓе, кои секој ден на една маса седеа и водеа сериозни разговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На спротивната маса седеше позната музичка фаца од џет смет естрањата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Од едната страна на масата седеа намрштениот Бертран и Изабел, а од другата јас и Патрик.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
БИРТИЈА. РЕЧИСИ ПРАЗНА. НА ЕДНА МАСА СЕДИ АНЃЕЛЕ. СРЕДНИ ГОДИНИ. ПИЕ ПИВО.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(извадок) [ ДЕЈАН ДУКОВСКИ БУРЕ БАРУТ СЦЕНА 1 ЗА АРНО, ЗА УБАВО БИРТИЈА.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Спроти матичарот на друга маса седеа Виктор, Рада, Томо и Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кафеана. Речиси празна. На една маса седи Анѓеле. Средни години. Пие пиво.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Само на една маса седеа двајца млади луѓе со очајнички изрази на лицата, беа со погледни втренчени еден во друг и со главите виснати над чашките ракија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги доведоа до масата послана со зелено кадифе. На предниот ред пред масата седеа членовите на воениот суд.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
(Соба во куќата на Андреевиќ. Мрак. Се отвора вратата. Влегува Стево. Пали светло. На масата седи Симон, пијан, со шише до себе.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На масата седи Султана. Пијана е. Пие ракија. Се смее.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа утро, во аголот од големата сала на кафеаната, стуткан врз еден дрвен стол, потпрен со подланките врз масата седеше Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На клупите седеа селаните. Среде крај масата седеше еден офицер.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Паролите беа следниве: “ХРАНАТА Е ИЗВОР НА ЗДРАВЈЕТО” “ЕДНО ЈАЈЦЕ СОДРЖИ ИСТО ТОЛКУ МАСНОТИИ, КАКО И 1/2 ФУНТА МЕСО” “ТЕМЕЛНО ЏВАКАЈЌИ ЈА ХРАНАТА МУ ПОМАГАШ НА ОПШТЕСТВОТО” и “МЕСОТО Е ШТЕТНО” Сите тие свети зборови во стариците ги будеа спомените за исчезнатите уште пред револуцијата заби, за јајцата исчезнати приближно во исто време, за месото, што во 174 okno.mk смисла на маснотиите е полошо од јајцата, а можеби и за општеството, што тие беа лишени од можноста да го помагаат, темелно џвакајќи ја храната.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Освен стариците, на маса седеа Исидор Јаковлевич, Афанасиј Јаковлевич, Кирил Јаковлевич, Олег Јаковлевич и Паша Емиљевич.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)