марш (имн.) - на (предл.)

Но затоа Светосавското друштво за таа половина година направи доста шум: во неа, освен науките, имаше и воена гимнастика и маршеви на учениците со музика по Белград и неговата околина и патување во летото по Србија, каде што се произнесуваа громки здравици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Попладнето - марш на ново одредиште. Во земјанката прибрани и стуткани еден до друг, потпрени на замрзнатите ѕидови од кои се цеди вода, гледаат во малиот жив оган.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Продолжуваа поворки во синдромскиот марш на жртвувањето ...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Немало да има ни граѓански отпор, ни борба за човечки права, ниту Роза Паркс ќе седнела на предно автобуско седиште резервирано за белци, ниту Кенеди ќе ги добиел изборите, ниту Мартин Лутер Кинг ќе држел историски говори, ниту Врховниот суд ќе ја укинел расната сегрегација по училиштата и универзитетите, ниту ќе се случел маршот на Вашингтон, ниту Црните пантери ќе имале муда да кренат глава, ниту демократите ќе се степале со полицијата на својата чикашка конвенција, ниту ќе се изродел студентскиот бунт, ниту ќе имало мировни движења, ниту ќе дошло до сексуалната револуција, ниту до флауер-пауер, ниту до мејк-лав-нот-вор, ниту до филозофијата "грлс сеј јес ту гајс ху сеј ноу", ниту до појавата на феминизмот и женската рамноправност, ниту ќе имаше слободен печат да го раскринка она лајно Ричард Никсон, ниту ќе имаше нудистички плажи и кампови, ниту ќе имаше екологија и борба против индустриските штеточини, ниту Латиносите и Азијатите ќе добиеја пристап до раководните места во државната администрација, ниту хомосексуалците ќе се избореа за право на слободна љубов, ниту поп- рок ѕвездите ќе држеа концерти за гладните во Африка, ниту јас како тинејџер ќе можев да носам искинати фармерки пред жива мајка Милена, ниту ќе можевме глас да кренеме против крвожедните корпорации, ниту ќе смеевме попреку да ја погледнеме воената индустрија, ниту ќе беше можен антиглобализмот, ниту пак глобализмот, ниту секоја сабота ќе одевме на протести против војната во Ирак, ниту денешниве манекенки ќе шетаа по писта во танги и со разголени гради, ниту Клинтон ќе смееше да зуцне дека дувал хашиш и ја таклабасал Моника Левински, ниту Џена Џемисон ќе направеше толку пари, ниту Ал Гор ќе можеше да попува против глобалното затоплување, ниту Бил Маер и Мајкл Мур ќе можеа осум години да плукаат по Буш и Чејни, ниту медиумите ќе признаеја дека Сара Пејлин е бимба бимбосана, ниту сега јас и ти ќе седевме овде со зелена карта, со другарот Обама на чело.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Слушам... Првпат ја слушам. - Маршот на осумнаесеттата бригада...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Чекореше Јагулче Дримски, кога му идеа овие мисли, крај реката, гледајќи во водите јагули, предавници, што бегаа кон запад, по тактот на еден од маршевите на победата, потсвирнувајќи, за да си го забрза чекорот, повторувајќи го постојано стихот Уз маршала Тита у нов бој...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А пред тоа, на лотарија извлекоа неколку луѓе, им дадоа средство за повраќање за да се исповратат на валјакот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со тоа замачкано железо се помина по трупот, со музика на маршот на Бетовен отсвирена на синтисајзер.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)