Потоа, пролетта 1948 година, беше март и сите планини околу Преспанското Езеро беа под снег, нѐ собраа и нас, околу четиристотини и педесет деца на возраст од две до четиринаесет години.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Наместо со мирисот на цутовите, воздухот беше презаситен со атмосферата на протести, немири и општ неспокој што го означија крајот на март и конечно со веста за државниот удар извршен против прогерманската политика на Дворот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија. На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Подредувањето на „Две тишини“ во пет вокалски раздели е атак врз „зададената“ хетерогеност на оваа „Париска тетратка“ пишувана во март и април годинава во период кога на болеста која пустоши низ телото на поетот, ѝ се одѕива единствено песната која пустоши низ душата на поетот, собирајќи данок од премолченото, потиснуваното, недоизреченото, скриеното...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)