март (имн.) - бил (гл.)

На 12 април 1945 е извршен пробојот на Сремскиот фронт во кој учествувале и бројни македонски единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дотогаш тој немал претрпено ниту воен ниту политички пораз во својата експанзија кон запад или кон југоисток.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од 11 до 25 март биле одржани првите избори на кои за прв пат гласале и жените и останатите граѓани кои наполниле 18 години.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
21 Со демонстрациите и со воениот удар од 27 март, предводен од генералот Душан Симовиќ, бил отфрлен договорот за пристапување кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
20 Сосема аргументирано може да се истакне дека настаните од 25 до 27 март биле дело на британската разузнавачка служба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Треба да се има предвид дека настаните од 27 март биле, пред сè, морален удар за Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)