мантија (имн.) - му (зам.)

Подоцна, не веќе во безумен очај како пред доаѓањето, Онисифор Проказник се обидел да дознае зошто човекот со остра коса носи под кожувот лита мантија што се тутка во прешироки беневреци но пред тоа мислел дека неговата словенољубивост подмолно се пресметала со едно попче што не сакало или не умеело во манастирот да пее на разбирлив јазик пред да се џембоса претепан и по гаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Застанете, кренал рака Доце Срменков; ракавите на мантијата му виселе како скршени крилја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)