По манирите и начинот на кој ја чешлаше косата разделена на патец, имаше детски изглед; така и се смееше: ситно како ѕвончиња да ѕвечат; тоа делуваше малку необично заради неговите зрели години и униформата; со детски манири ги глодеше и ребрата врвејќи ги низ устата како да се усна армоника.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)