мангал (имн.) - на (предл.)

Мангалот на средината од собата е згаснат и запретан во пепел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас не ја испуштав од погледот Јана. Следев како ја заобиколува мермерната плоча што ја нагрдуваше позлатен натпис и како си го штити лицето од поткршените багремови гранки што веројатно ќе му бидат единствената сенка на мртвиот поет во летните горештини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Непомирливата Катерина! Беше како пузата во мангалот на дедо ми, преполна со скриени жарчиња!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или, поточно, со приличен напор, што не им е многу својствен на незадомените и слободни талкачи низ животот, успеав да се воздржам да буричкам по мангалот на чувствата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Не се сеќавам на кој начин но бев успеал да се уверам себе си дека разумот е единствената вистина што може да не води низ опасните патеки на војната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)