Како и да е, кириличниот систем на писмо како поедноставен и поприлагоден за читање и Маргина 37 101 пишување ја засенчува глаголицата и набргу сосема ја истиснува.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Редок исклучок е областа Далмација, каде сè до средината на XIX век по манастирите во употреба бил токму еден од видовите на глаголица.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кети не плачеше, не липаше, ниту цимолеше, но две солзи се процедија и ѝ потекоа по образите, така што кога Милан ѝ се доближи, нејзиното лице го потсети на насолзеното лице на волшебната икона која плаче, што ја видел во еден манастир во Стариот крај.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Чистите луѓе имаат манастир во своето срце, не мора да бидат монаси.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Дали и јас можеби имам манастир во срцето? – праша Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тие немаат чист манастир во срцето во срцето, ја немаат рамнотежата за која ти зборуваш, а сепак се живи? – рече Еразмо, по ваквата, за него, провокативно наметната тема.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Доволно е да го носат чистиот манастир во своето срце.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа беше неколку години по втората средба, но сега во дворјето на еден забит манастир во кој се најдов со група писатели на пат по Романија, некаде меѓу Куртеа де Арџеш и Крајова.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На мајсторите и градителите на манастирот во Куртеа де Арџеш во Романија, на сказната за мајстор Маноле?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Не е ни најмалку случајно, затоа, што главните артефакти на своето паметење („разнобојните каменчиња, исушеното корен-дрвце слично на детска рака, иконата и неколкуте школки“) и потрагата по своите предци односно по сопствениот идентитет (во Захариј) го бара во Атонската Гора, или што исто таквата, но уште повпечатлива, поттрага, од Рибоокиот, исто ќе ја врзе на други свети места, за Св. Наум, за „една пештерска црква во Киево“, за забитиот манастир во Романија, „негде меѓу Куртеа де Арџеш и Крајова“, за Света Софија или за „една стара црква, во реонот наречен `Фенер`“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Голем манастир во стрмна планинска долина.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Напролет, на годишнината од смртта на првиот од дружината, додека жените ги орале здружените ниви на секоја глава во Кукулино да ѝ припадне по толку жито или пченка колку што е доволно да се одржи голиот живот, преостанатите мажи навртеле планински поток кон земјиштето на еден од неколкуте манастири во тој крај и под големоглава сенка на кубе од пред неколку стотици години почнале да ѕидаат воденица, сега една и заедничка за сите во Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го завлекле по зандани, кон мачилиштето на прочуениот пекол Беаз-Куле или кон арапски пустини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Негде на патот пасе скаменета камила: еден од манастирите во овој крај навистина така изгледа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На денот на Свети Пантелејмон, великомаченикот, кога папуџискиот еснаф излегуваше во манастирот во Нерези, Тодора ја грабна родената Костадинка, Коца, и прва излезе пред порти да седне во чезата врз посланото веленце.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Како да ја поврати Калија од манастирот во Кожле?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Го посетивме манастирот Св. Јован Бигорски, а потоа продолживме до женскиот манастир во Рајчица, Св. Ѓорѓија Победоносец.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во манастирот во Рајчица Мелинда и Џон разговараа со калуѓерките.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И тој дошол прво да жние и врши, потоа останал момок; после го зеле во манастирот во Света Гора како обичен слуга на сите калуѓери.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тука се избраа притропи (веќили) од секое село, кои ке ги застапуваат интересите на манастирот во нивното село и ќе ги исполнуваат наредбите на егуменот којшто е веќе видлив претставител на невидливиот свети Илија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потоа двете тргнале кон морето, кон малото училиште, еден вид манастир во месноста Каламари.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Навистина, - рече Французинот вртејќи се кон Англичанецот - се гледа дека во Протоколот има една непрецизност каде што се вели: до, а не заклучно, што дозволува и вакво и такво толкување: да биде опфатен или неопфатен Манастирот во Албанија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Да, - им рече отец Серафим, - од бочвата... Бочвата во која лежи виното е малку подгорена од пожарот што го зафатил манастирот во времето на отец Никодим.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Ве молам во името на бога и вистината, да не го приклучувате манастирот во Албанија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На сите им определил денови кога ќе доаѓаат во манастирот во текот на годината за да има постојнао во манастирот луѓе за да му прават друштво и да го веселат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Девица бараше нејзиниот дел да му се подари на манастирот во кој беше закалуѓерена.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
За таа работа попот Матлија го замоли копаничарот Арилко, прочуен мајстор за изработка на дрвени предмети и фигури, кој неколку години работел по манастирите во Света Гора.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Црквата на Христовото срце во Тирана беше адаптирана во кинотеатар, историскиот Манастир во Арденица, во кој според легендата Ѓерѓ Кастриоти се венчал со ќерката на Ѓерѓ Аријани, стана ресторан и хотел.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Очите му светат како јагленчиња, лицето му се издолжило, чиниш кожата ќе му се дупне секој миг од острите јаболкца и брадата. @еден е отец Лаврентиј, гладен е, измачен; трча и паѓа, колената му се жива рана, табаните - камен, жолт е отец Лаврентиј, жолт како свеќа, но носи абер во манастирот во кој мора да стигне.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)