Кога ги чуја сите карактеристики, полковникот Жино рече восхитено: - Манастиров има двајца извонредни специјалисти: отец Иларион - специјалист за душата на човекот, а отец Серафим, за виното - за неговата душа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Им приложи документи укажувајќи им, дека, според турскиот ферман, целата територија на манастирот и селото Пискупие ѝ припаѓала на Корчанската каза; дека манастирот низ вековите бил многу посетуван од верници од цела Албанија кои давале многу средства за неговото обновување по разните разурнувања и пожари; дека манастирот има големи чивлизи во Корчанската епархија од кои живее.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Охридска каза; дека истото село, според пописот на Охридската каза, било одредено од турската власт како дервеџинско село што го чувало патот што водел од Охрид, преку манастирот Свети Наум, за Горица (денешна Корча), за Арнавуд Белгради (денешен Берат) и за Авлија (денешна Валона); дека манастирот му плаќал данок на господарот на Охридската каза Џеладин-бег; дека во одобрението на Цариградската Порта за градење на нов храм, стои оти манастирот е во Охридска каза, дека иконата на свети Архангел Михајло што е подарена од Влашкиот кнез Александар Наруци во 18 век стои: „На манастирот Свети Наум, Охридска каза; дека и други управувачи на Влашко: А.Апсиланти, М.В.Сукул, и К.Мирузи, кои сметале дека нивната земја порано била под духовно раководство на Охридската архиепископија, му подарувале подароци на манастирот како светилиште на таа архиепископија; дека во минатиот век, во манастирот по разни поводи (на прошетка, на панаѓур или на одмор) навраќале австрискиот, грчкиот и рускиот конзул, кои во писмата до своите влади го опишувале значението на овој манастир давајќи податоци дека тој се наоѓа во Охридска каза, Битолски вилает и дека манастирот имал големо богатство со кое го издржувал училиштето во него, а ги помагал и другите училишта во Охрид.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Околу манастирот има и доста липи...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Им кажа дека манастирот имал и постари вина, но кога дошла австриската војска го испила.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Да, - рече игуменот. - Сѐ што е посадено во манастиров има нешто свето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Неговиот збор, како и оној на ибн Бајко. Манастирот имаше нива со глина и Петре уште од мал се нафати со грнците.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во манастирот има злато. (Пауза) Некаде во ѕидовите или подот има комора со позлатени икони, скапоцености.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ЕВТО: Манастирот има фрески од памтивек. Зошто мора нови?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)