Одвишно е да се каже дека мамката на сексуално понижување е контраиндикативна за очигледните хомосексуалци.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Имаше нешто неприродно -
разлика во времето, грешка во сонот
во жената двојство
ти во едната рака држеше стрип
или викенд роман, со другата
ја тешеше, искуството
не ти помагаше да го прикриеш
„туѓиот говор“, книшкиот изговор
мораш, значи пред тебе животот
се отвора како покладен портокал
дива циклама, праизведба
мораш, значи немаш објективна
причина туку мотив, емотивна мечта
некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8
некоја друга Семирамида или прислужничката
ах, мамката на анонимните жени
отровот на тривијалните судбини
барем да исчезневте сосема
да не морам да го слушам, да не морам
да го повторувам „гласот на ткајачката“
крикот на кросното, јавката на откинатиот
јазик, нејзиниот, мојот
нејзиниот
мојот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Верува дека нема да го пропушти, во тоа неговиот творечки дух насетува прикаска, но тој е автор кој, прво, пишува за свое задоволство и, второ, сака да си постави мамка на која ќе се фати за да може добро да влезе во играта и успешно да исплива од неа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И токму една ноќ Митре со двајца свои другари кладе мамец на стапицата (еден сомун и на него книжулче со натпис: Бегај Гано од мое Старавина оти мајчето ти го расплака ако ми падниш в рака), и еве ти ги во утрешната мугра двајца „Гановци" на мамецот, а Митре со другарите кои преседоа цела ноќ на „пецање" им се фрлија одзади.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)