малтретирање (имн.) - на (предл.)

Пишувањето за себе самиот од секогаш ми изгледало како некој вид автоген тренинг, служење на култот на self-от, непристојно малтретирање на другите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Додека масовни убиства биле одбегнати, дотогаш апсењето и малтретирањето на егзархискиот дел од нашиот народ во речиси цела Македонија зело невидени размери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На сета исцрпеност од мачењето што трае со часови во предродилната сала, каде освен блискиот „дејт“ со сопствените маки, сведок сте, сакале или не, и на малтретирањето на сите што решиле токму денес да слават роденден во следните години, да сечкаат за „руска“ и „француска“, да месат кифли од киснато и лиснато тесто и да матат жолчки и белки за Васина и Реформ торта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Наредбата за малтретирање на долгокоси тинејџери, барем така претпоставуваше Александар, престана да важи, па претепувањата станаа многу ретки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)