Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата и маките во јамата од стрика му. — Јас — рече — ќе ода напред.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еве сега ќе видиш...сепак го разврза тоа мало нешто, извади од џебот на елекот малку црн леб, го кршеше лебот на мали парченца, па со макање во нането, касна колку еден – два залака.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
После ја виде со некаков хармоникаш мал и долгонос како Грк и се сети на некогашната мака во утробата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Предвидов нешто друго. Можеби другпат.“ Се затвораше и учеше со некоја нејасна мака во утробата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Стисни ме силно во себе, со силата зголемена со масата или маката во душата и склопи ми ги очите за да го преспијам повторното привикнување на постоењето на другата половина од коренот што се искуба, па сега се сади сам, како триаголник на до вчера самоникнатите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Им кажав за твоите зимошни маки во планината. Но ти подобро ќе им раскажуваш.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- На народецов му се нужни пушконосци и локачи на крвописка крв, не маченици и не знам какви ветроепци, рекол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакал да застане, да го пречека оној што му бил придружник а што можел да му биде син (зошто да не го посвои ако останат живи?), да му каже што доживеал во онаа ноќ, за да знае дали тој криел досега нешто и што сторил девојката да го напушти татковскиот покрив за да појде преку трња и оган на маки во неизвесност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Инаку, верувај, најслатките маки во љубовта се оние кои доаѓаат од нејзината злоупотреба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ама ко таа, ко не таа. Бевме една врст, другачки, И таа беше дошла по некоја мака во Битола. 219
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)