мака (имн.) - го (зам.)

Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го прави тоа со бугарскиот јазик.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сотир Паскали, гледајќи го куферчето преполно со книги и тоа како Камилски со судни маки го влечка до својата соба, сепак, го претпоставуваше најлошото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Татко ѝ би рекол - и тој самиот не знае каква мака го мори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Добра беше, маките го натераа да ја остави бремена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- О, не може, - се побуни Зоки и мака го фаќа од работата што се отворила. - Може, може, со топла вода и со крпа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
О колку тешко доаѓам до вистинскиот збор. Со какви маки го пронаоѓам.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Откако подели што подели и најде некаков спокој во душата, друга мака го фати.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што ли мака го носи сега во оваа доба кај нас?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Па ни тој самиот не кажуваше како порано дека од мака го прави тоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ама уште тешко дише. Со мака го истерува воздухот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)