Сѐ уште ги гледам децата прекршени како старци, деца што со мака голтаат воздух, уште потешко го испуштаат, деца што не трчаат туку се влечат лазат по правта, деца што одвај во денот ја отвораат устата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Некако ја држев тешката стомна. Со мака голтајќи ја лепливоста на надојдената возбуда, сакав нешто да кажам и го кажав најглупавото: Сандре Самарија ќе се обеси, реков, ако не ме разјаде оган однатре.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Молкум ми ја подаде стомната загледана во мене како да сум игла низ која треба да се спровре конец и со која треба да се закрпат сите пукнатини на животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)