Но сега, како што можеш да видиш со свои очи, во црните мрежи на сопствената магија се загубија и тие, ќе ги скаменам да ги нема засекогаш!“
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Го носеле сите мои предци, го носам и јас, но не знаеме какво пророштво на него е напишано, и дали добро или лошо му се пишува на оној кој го носи, оти грабен плен е, а грабнатото често со лоша магија се заштитува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)