луѓе (имн.) - веќе (прил.)

Ќе мора да се смислат и пооригинални комбинации, си мислеше, затоа што и луѓето веќе почнаа да чуваат необични миленици.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ние, градските луѓе веќе и не знаеме за овие убавини. Но оди, измиј се!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една вечер нè собраа во подножјето на градбата и ни се обрати инженерот Ајфел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Густа маса од луѓе веќе ја блокира јужната страна на плоштадот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, луѓето веќе престанаа да се вртат околу градилиштето, зашто смешната шапка од магла сосема нѐ криеше од нивните погледи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оти последен нивниот вагон, назад нема ништо друго освен безброј шини што се собираат таму на крајот само во две, а ваму, нагоре, на кај главата на возот, луѓето веќе се раздвижиле и ги растоваруваат бовчите, вреќите и другите нешта што ги напикале во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)