Навистина, рано е уште, одвај пет часот ако има, но ене, дошле луѓе без пазар, та иако платат Пушмарко, Баба, Јашмакот и други по две банки казна на рефератот од командирот на општинската полиција, Милана, за предвремено „отварање радње“!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Најдобро беше да се самоубиеш пред да те фатат. Некои луѓе без сомнение така правеа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури тогаш, по смртта на татко му, откако почна сам да се расправа со сопствениците, Аргир разбра колку биле празни надежите на печалбарот, кој работи туѓи куќи и кому туѓи луѓе без душа и срце, му го мерат и ценат тешкиот труд...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Без нималку колебање го земаме во прегратки сето она што ни припаѓа, ги припиваме кон себе сите блиски луѓе без кои не можеме да го замислиме нашиот обичен живот, сите копнежи, сите желби, сите надежи, целата љубов, со сето свое совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Добро, па зар ние сме луѓе без мозок, раце и нозе!?
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И кон светлината на слободата нека ве водат само оние што заслужуваат да бидат водачи – луѓе без пороци, верни на своите жени, со деца, со вера во Бога, оние што не се разуздени и непослушни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Просто нема ден да раздени, а по улиците на мојот град или во градот во кој се наоѓам, да не сретнам луѓе без календар за годините што поминале.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ќе им се покаже на луѓето без чесност и достоинство.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А околу мене: луѓе без очи, без раце, без нозе, не е за кажување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На пленуми и конгреси по име и презиме ги именуваа виновниците и дури тогаш разбравме дека растурници нѐ растурија, луѓе без трошка татковина, без корен и без дамар, бескуќници и арамии нѐ испокрадоа, лажговци нѐ исполажаа, безумници нѐ избезумија, та нѐ иселија и раселија...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
треба да се вардат трудните жени во времето на големите пожари и да нема мајтапи на сметка на додолките - кога тогаш ќе се истурат дождови ама луѓето во македонија останаа без чадори - странците многу сакаат луѓе без чадори а историски е потврдена и нивната љубов кон народите кои исчезнуваат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)