луѓе (имн.) - сме (гл.)

Секако идеше сарата. Луѓе сме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море кој ни дава нам чупе, сиромаси луѓе сме ние, попче, токо ете, вака, нека се живи пријатели, село и селани, и свадба ќе направиме, и госје ќе тераме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луѓе сме, ќе причекаме еден друг!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Цивилизирани луѓе сме. Да седнеме да поразговараме, ако сум направил грешка да ја најдеме.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
МАТЕЈ: Луѓе сме, грешиме. (Пауза) Не ме интересира дали славините се расипани, дали славините се поправени.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ако разберат кратовските бегови дека се клале со нивни луѓе - отидовме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни на луѓето сме им должни ни пред бога сме виновни, и пак ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тоа е добро, се согласил Доце Срменков; црната креста на косата била единствена гордост на него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Луѓе сме и го почитаме човекот. Но за едно око две вадиме. - Знам, бездруго знам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие дарбини Господ тебе ти ги има дадено за да види кои и какви луѓе сме ние, а и ние тебе да те видиме на кој пат сме те извадиле.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Страв „Еднакви сме, луѓе сме, несреќни сме, брате Харуне, ти памтење, јас белег“ М. Селимовиќ, Дервиш и смрт Сличноста нѐ покоси како чума Замижи, ајде, уште да те барам Да бидеме течно бреме, вечна дума Кога не сме среќни, а не несреќни Во кој конак на времето ли те сретнав Како да ти дојдам, кога ти се ветив.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога најпосле дојде до збор, само присторе: - Па луѓе сме, чорбаџи, грешиме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)