Луѓето почнаа да ја расправаат случката.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Беше близу единаесет часот и во Одделот за документација, каде што работеше Винстон, луѓето почнаа да ги влечкаат столовите од полукабините и да ги групираат во центарот на салата, спроти големиот телекран, подготвувајќи се за Двете минути омраза.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше само неколку чекори далеку од нив кога групата ненадејно се растури, а двајца од луѓето почнаа жестоко да се караат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа тие луѓе почнаа да пијат и сосем заборавија на џиновите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Двата истрела се слушнаа во Маказар и многу луѓе почнаа да дотрчуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во младото камено време (неолит) околу 5.300–3.200 г.пне. луѓето почнале да живеат на едно место и дошло до забрзан развиток на земјоделството, сточарството, ловот, риболовот, а исто така и на занаетчиството.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
А оние луѓе почнаа да копаат, и се почувствува силен мирис на кандила и темјан, и се покажаа светите мошти.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Луѓето почнаа да се дават и да пливаат, но тогаш голема бура се крена на морето и голем бран стана и нѐ понесе понатаму, кон брегот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И луѓето почнаа да молат за в нужник.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Со завршувањето на војната, луѓето почнаа да си ги бараат сите свои луѓе распрснати кој ваму, кој таму во војната.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Луѓето почнаа да удираат по вратата, по едната и по другата, удираше и Пелагија, удираше и шефот на станицата, ама освен што си ги видоа раскрвавени тупаниците, друго ништо не се случи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Уметникот е оној кој предизвикува проблеми.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Жилберт&Џорџ: Ние бевме многу невини. Луѓето почнаа да нѐ нарекуваат дендии, но едноставно од очај.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Низ лисјето лизнаа и првите капки дожд. Луѓето почнаа да си одат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Селото осиромаши и опусте. Луѓето почнаа да одат на печалба.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)